Санкционирани 148 возачи во Скопје, 31 за брзо возење
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.