- На автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, пред село Табановце, вчера во возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки,биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници.
Како што денеска соопштија од МВР, во 15.55 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Ц.(35) од Скопје.
- При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце. Б.Ц. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР.