Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода прилепчанецот Р.Р. (52).
Вкупно 252 возачи на мотоцикли се санкционирани во текот на вчерашниот ден, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, во спроведената акциска контрола на територијата на државава.
- Вкупно 279 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава во акциска контрола на МВР за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Почна увидот во Основниот суд Куманово, кој треба да ги покаже причините за пожарот што избувна завчера.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера го привеле А.А.(44). При претрес во неговиот дом, како што соопштуваат од МВР, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Педесет и седумгодишен работник од Кочани денеска се повредил и починал во кругот на фабрика на подрачјето на општина Гази Баба.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на градот изрече 218 мерки, информираат од МВР.
Управата за извршување на санкциите, почна постапка за утврдување на можните причинители за пожарот во битолскиот Затвор.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од полицијата.