Министерството за внатрешни работи вчера во периодот од 07:00 до 12:00 часот, спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 36 возачи. Од нив, како што соопштуваат од МВР, за време на контролата биле санкционирани и 174 други видови на сообраќајни прекршоци.
- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од полицијата.