Кривична пријава за Скопјанка вработена во осигурителна компанија, измамила клиентка
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.Н.(44) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик.