Во гостиварска Долна Бањица вчера е приведен 42-годишниот гостиварец Л.М, поради сомнение дека извршил тешка кражба.

Како што соопштија денеска од МВР, украденото е пронајдено и вратено на сопственикот, а по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.