Скопјанец нападнал малолетничка во автобус на ЈСП, а потоа и лице кое се обидело да ја одбрани
На 07.02.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во автобус бр.57 на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички нападнало малолетничка од Скопје, а потоа физички го нападнало и Ќ.С.(32) од Скопје, кој сакал да ја одбрани малолетничката.