Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.С.(32) од село Ложани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Во периодот од 02.06.2022 до 09.08.2022, пријавениот, вработен во приватна фирма како локален дистрибутер, противправно присвоил парични средства во износ од 225.105 денари и за тој износ ја оштетил фирмата.