Над 200 инспекции за пушење во затворени објекти, издадени 56 платни налози
Над 200 инспекциски надзори направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на изминатата недела, односно во период од 10 до 14 јануари на територија на целата држава, во согласност со надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита од пушење при што се издадени 56 прекршочни платни налози