На 16.01.2022 во 01.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово од слобода е лишена Е.П. од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „кражба“. Кај неа се пронајдени и одземени лична карта и две платежни картички сопственост на друго лице.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.