33 годишен Струмичанец уапсен откако со тврди предмети фрлал кон такси возило и службено возило на Шумска полиција
На 17.12.2022 во 04.45 часот на бул..,Ленинова” во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.З.(33) од с.Муртино, струмичко, затоа што се однесувал агресивно и фрлал тврди предмети кон такси возило и службено возило на Шумска полиција.