На 16.12.2022 во 12.25 часот во СВР Штип, вработена во Државниот инспекторат за земјоделство пријавила дека во текот на денот во Штип била спречена од М.А. од с.Крупиште и уште две лица во извршување на службени дејствија.

Според пријавеното, околу 11.45 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип констатирала прекршок по член 70 став 1 од Закон за рибарство и аквакултура сторен од М.А., а откако му кажала дека согласно законот рибата ќе му биде одземена, тој со уште две лица ѝ упатиле закани и го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.