Тие, во периодот од 10.06.2022 до 10.07.2022 од куќа во Охрид одзеле пари и златни предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 676.500 денари.
Синоќа во 22:50 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во домот во населба Ќерамидница-Скопје бил пронајден починат М.П.(70) од Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Со тек на време должничкиот износ со камати достигнал износ од околу 200.000 евра, а лицето се договорило со пријавениот долгот да се исплаќа на рати.
На 20.08.2022 во Дебар, пријавената запалила плинска боца на балконот од својот дом при што се запалиле алишта кои биле на балконот, по што таа ја фрлила боцата на паркингот и предизвикала пожар во паркирано патничко возило.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.
Лицето било предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за спровод до Затвор Тетово.
Претходно, тој со возилото се движел од патарина „Петровец“ кон Скопје, по што на семафори од крстосница од бул.„Александар Македонски“ и ул.„16. Македонска бригада“ го оставил возилото и се дал во бегство, но набргу бил фатен.
Со него бил затекнат и малолетникот А.О., кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот, а кој потоа бил вратен на старателот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.