Четири и пол години затвор за обвинет за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“
По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К.С. – командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“