Три патнички возила, три автобуси и еден минибус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции
На 10, 11 и 12.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација