Санкционирани 12 прекршоци од возила кои вршат јавен превоз на подрачје на СВР Тетово
На поширокото тетовско-гостиварско подрачје, полициски службеници на СВР Тетово денеска (5 септември) од 9 до 14 часот спровеле засилена контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 12 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-10).Осум од возилата (ТЕ-2 и ГВ-6) имале неисправни сопирачки, претежно комбиња и такси возила, две возила(ГВ) биле со неисправен уред за управување, едно (ГВ) со неисправни други уреди, а едно (ГВ) со неизвршен технички преглед