Санчез се повлече од трката за лидер на Каталонија
Еден од лидерите на каталонските сепаратисти, Жорди Санчез, кој се наоѓа во затвор, ја повлече својата кандидатура за функцијата претседател на Владата на Каталонија, за да овозможи брзо формирање на регионалните власти, соопштија официјални лица на Парламентот во Барселона.