Повеќе од 300.000 бегалци се вратиле во Сирија по падот на режимот на претседателот Башар ал Асад, соопштија Обединетите нации.
Маск веќе неколку месеци се вмешува во европската политика, а особено во романската, преку објави во поддршка на Георгеску кој победи во првиот круг на анулираните претседателски избори во Романија минатата година.
Ракетата Старшип на Спејс Икс експлодира за време на пробен лет, неколку месеци по претходниот неуспешен обид за лансирање, при што повеќе летови мораа да бидат приземјени во Флорида поради остатоци.
Двајца од шестмината уапсени во Романија под сомнение за велепредавство и организирање криминална група остануваат во притвор 30 дена, одлучи Апелацискиот суд во Букурешт, јавува телевизијата Диџи 24. Останатите четворица ќе бидат под судска контрола.
Сите возови на Евростар до и од Париз денеска беа прекинати поради неексплодирана бомба од Втората светска војна, откриена веднаш до пругата на париската станица Гар ду Норд.
Канада ја суспендираше најголемата фаза од контрамерките против царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за канадскиот извоз, откако тие беа одложени веднаш по нивното воведување.
Делегациите на САД и Украина ќе се сретнат во вторник во Саудиска Арабија за да разговараат за она што Вашингтон го нарекува „првичен прекин на огнот со Русија“.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека нема да распише општи избори за април на почетокот на следната недела, како што е најавено, бидејќи владата треба да се фокусира на претстојниот циклон во австралиската држава Квинсленд.
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека користеле борбени авиони Мираж-2000, донирани од Франција, првпат за одбивање руски напад.
Вработените на аеродромот во Франкфурт в понеделник ќе штрајкуваат како дел од тековниот спор околу платите.