ЕУ и Индија поддржуваат праведен и траен мир во Украина и мировно решение за Блискиот Исток по моделот две држави
Клучните меѓународни и регионални прашања, вклучително и ситуацијата на Блискиот Исток и војната во Украина, беа меѓу темите за разговор на денешната средба во Њу Делхи на индискиот премиер Нарендра Моди и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.