Американско Министерство за правда до вработените: Игнорирајте го мејлот на Маск за списокот на задачи што сте ги сработиле
Американското Министерство за правда им порача на своите вработени засега да го игнорираат барањето на Одделението за владина ефикасност (DOGE), кое го предводи милијардерот Илон Маск, во кое се бара од нив да ги наведат задачите што ги сработиле претходната недела, пренесува „Фокс њуз“.