- Затоа ја зајакнуваме вашата економија. Тоа е причината зошто ја зголемуваме прилагодливоста на вашето снабдување со енергија. Затоа ќе продолжиме со обука и опремување на вашите војници, рече Фон дер Лајен.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе престане да се бори во Украина само кога ќе го добие она што го сака од преговорите за ставање крај на конфликтот што рускиот и американскиот претседател сакаат да го иницираат.
- Од наша гледна точка, можеме да почнеме многу, многу брзо, изјави Јенс Шпан, заменик-парламентарен лидер на конзервативниот блок, за јавната телевизија АРД.
Лидерите на трите европски институции потсетуваат дека пред три години Русија ја започна својата целосна и незаконска агресивна војна против Украина, при која намерно ја напаѓа украинската цивилна и критична инфраструктура.
Францускиот претседател Емануел Макрон му честиташе на Фридрих Мерц, лидерот на конзервативците кои победија на парламентарните избори во Германија, потврдувајќи ја неговата решеност да „направат големи работи“ заедно.
Според неа, многу е важно ЕУ и САД да го зачуваат единството, па во тој правец се насочени и разговорите на сите европски лидери со американските претставници.
УСАИД во неделата една минута пред полноќ, по локално време, соопшти дека за целиот персонал на агенцијата, освен вработените задолжени за основни работи, е одредено административно отсуство.
Папата Франциск, кој последните десет дена е хоспитализиран поради билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи, соопшти денеска Ватикан.
Унгарија ќе направи се за да се осигура дека Брисел и „провоените“ европски претставници не го спречат руско-американскиот договор за постигнување примирје во Украина, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.
Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје.