Песков: Не е точно дека баравме повлекување на трупите на НАТО од Источна Европа
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска ги негираше романските тврдења дека Русија побарала повлекување на трупите на НАТО од нејзиното источно крило, особено од земјите кои се приклучија на Алијансата по 1997 година, вклучувајќи ги Полска, Унгарија и Чешка.