Францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас за потребата од долгорочен прекин на огнот во Појасот Газа и планот предложен од арапските нации за енклавата.
Европа е на надолна патека, а доказ за тоа е фактот што некогаш беше најголема економија во светот, а сега е трета, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Здравствената состојба на папата Франциск (88), кој пред два дена беше примен во римската болница „Агостино Гемели“ поради бронхитис, е стабилна, соопшти денеска Ватикан.
Словачкиот претседател Петер Пелегрини денеска изјави дека ниту еден договор за прекин на огнот во Украина не може да опстане без Европа и ЕУ, додавајќи дека Европа треба да учествува во мировните преговори.
Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море како дел од рутинските операции за надзор, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека повеќе од 100.000 луѓе останале без греење во пристанишниот град Миколаев по напад на руско беспилотно летало врз енергетската инфраструктура.
Според „Тајмс оф Израел“, тоа било тет-а-тет средба, по што следи проширен состанок со помошниците.
„За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција“, рече Зеленски.
Американскиот државен секретар Марк Рубио по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се согласиле дека Иран е „единствениот најголем извор на нестабилност во регионот“.
Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе биде домаќин на состанок на европските лидери на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина, потврди министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, цитиран од светските агенции.