Серхио Перез се надева дека следната година ќе се врати во Формула 1. „RacingNews365“ потврди дека поранешниот Формула 1 возач би можел да се приклучи на новиот тим на шампионатот, Кадилак, во 2026 година.
Германската влада ги продолжи контролите на сите копнени граници на земјата за уште шест месеци во обид дополнително да ја намали нерегуларната миграција, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц.
Кремљ денеска соопшти дека Русија никогаш нема да разговара за размена на украинските територии што ги зазеде за областите под контрола на Киев во руската област Курск.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на моќниот руски Совет за безбедност, го отфрли како „глупост“ предлогот на Киев за размена на делови од руската територија што ја држи за делови од Украина под контрола на Москва.
Голем метеж и доцнења во сообраќајот и другите сектори се очекуваат утре во Белгија поради протести, самитот на НАТО, „Брајт фестивалот“ и натпревар од Лига Европа.
Едно лице загина, а 25 се повредени, од кои шест потешко, во судар на брз воз и камион во предградието на германскиот град Хамбург, соопшти полицијата.
Повеќе од десет милиони побожни Хиндуси кои бараат прошка за своите гревови се капеа во светите води во северна Индија, соопштија властите, додека се подготвуваат за милиони други кои ќе се соберат на фестивалот Кумб Мела.
Национален штрајк против економската политика на новата федерална влада е закажан за утре во Белгија, објавија локалните медиуми.
На Минхенската безбедносна конференција што ќе започне в петок, според Тајмс, шефот на британската дипломатија ќе нагласи дека е дојдено време Европа да го преземе товарот на САД во НАТО, при што Британија ќе ја преземе водечката улога.
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) пронајде илјадници нови документи поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на објавување доверливи разузнавачки документи поврзани со настанот од 1963 година.