Кипар изразува задоволство за одлуката на САД за целосно укинување на ембаргото за оружје од 1987 година
Одлуката на Соединетите американски држави за целосно укинување на ембаргото за извоз, реекспорт и трансфер на оружје во Република Кипар, воведено во 1987 година, предизвика задоволство кај кипарската Влада, а Никозија ќе треба да продолжи да соработува со Вашингтон во реформите за спречување на перење пари, но и во забраната руски воени бродови да полнат гориво на кипарските пристаништа