Париз: Обилните дождови поплавија улици и метро станици и го нарушија сообраќајот
По неколкунеделниот топлотен бран, попладнево заврна пороен дожд во Париз, предизвикувајќи повеќекратни поплави на улиците и метро станиците. Според Каналот Метео, за помалку од еден час паднале 10 до 40 mm дожд, што е еквивалентно на две до три недели врнежи, јави дописникот на МИА.