Полска: ЕУ ги крши демократските стандарди, чекаме над 35 милијарди евра кои ни се блокирани поради спорот со Брисел
Полска ќе ѝ одговори на Европската Унија (ЕУ), доколку не ѝ се исплатат наменетите средства за закрепнување од пандемијата, истакнаа денеска владејачките полски политичари, откако Брисел сигнализираше дека не е задоволен со најновите правосудни реформи на Варшава.