Се прошири пожарот предизвикан од удар на гром во складиште на нафта во кубанскиот град Матансас, откако денеска пламен го зафати третиот резервоар. Тоа се случи и покрај претходните обиди на пожарникарите да го изладат резервоарот.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на отворањето на 13. Конференција на амбасадори во Анкара, истакна дека Турција работи на воспоставување на стабилност и просперитет на Балканот.
Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер.
Според дипломатот, земјите што се вклучени – Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија, САД – се очекува да одговорат за неколку недели.
Во знак на протест поради прекин на струја, трет ден по ред десетици луѓе во провинцијата Басра, богата со нафта, излегоа на улица и палеа гуми, блокирајќи го главен пат до главниот град на покраината
Руската централна банка денеска објави серија мерки насочени за спречување на инвеститори од „непријателските“ земји преку погодностите предвидени за вложувачите од „пријателските држави“, да продолжат да тргуваат на Московската берза
Првиот левичарски претседател на Колумбија, Густаво Петро, синоќа положи заклетва на функцијата, ветувајќи дека ќе се бори против социјалната нееднаквост
Во напад со бомба поставена покрај пат во источен Авганистан е уништено возило со кое се превезувале членови на пакистанската талибанска група, при што загинал еден од нивните водачи и тројца други милитанти, соопштија денеска официјални пакистански претставници
Русија отворено го уценува целиот свет и се заканува дека ќе ја дигне во воздух нуклеарната централа Запорожје, тврди украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом