Европската комисија (ЕК) денеска ја одобри вакцината Имванекс против вирусот на мајмунски сипаници во Европската Унија (ЕУ), и употребата ја прошири и во Норвешка, Исланд, Лихтенштајн
Руските авиокомпании годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку од минатата година, поради санкциите на Западот по руската инвазија врз Украина и забраните за летови кои Москва ги воведе во јужна Русија
Граѓаните на Уганда ги блокираа улиците во источниот град Џинџа, главниот центар на фрекфентниот автопат во близина на границата со Кенија, незадоволни од рапидното зголемување на трошоците за живот
Украина денеска соопшти дека нејзините сили користеле ракетни системи ХИМАРС, испорачани од САД, за да уништат 50 руски складишта за муниција откако го добиле оружјето минатиот месец
Цената на пченицата денеска нагло порасна, по ракетниот напад врз украинското црноморско пристаниште Одеса извршен изминатиот викенд кој предизвика сомнеж за спроведувањето на договорот постигнат минатата недела за отворање коридор за извоз на жито од Украина
Властите во Киев се надеваат дека договорот постигнат со посредство на ОН за олеснување на глобалниот недостиг на храна со продолжување на извозот на жито од регионот на Црното Море ќе стапи во сила оваа недела
Осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе ќе биде подложен на психијатриска евалуација до крајот на ноември, за да може обвинителите да утврдат дали ќе поднесат обвинение за убиство
Триесет и четири лица загинаа во централна Кенија кога автобусот со кој патувале излетал од мост и паднал во речна долина, објавија денеска локалните медиуми
Русија не е заинтересирана за целосно прекинување на испораките на гас за европските земји, но тоа може да се промени доколку ЕУ продолжи да воведува санкции кон Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков
Најмалку 18 лица загинаа, а 25 се повредени во поплави во Авганистан изминатите три дена, соопштија денеска официјални лица