Предлогот за резолуција беше поднесен од Норвешка и Ирска. Дозволата за прекуграничен превоз истекува во недела.
Американскот државен секретар Ентони Блинкен во име на народот на САД испрати сочувство до Јапонија за трагичната смрт на поранешниот јапонски премиер Абе Шинзо.
Според бирото за статистика, американската економија во јуни вработила 372.000 лица, многу повеќе од очекуваното, со што се намалува загриженоста од можна рецесија.
Парламентот во Берлин, како и Бундесратот, кој ги обединува сојузните држави, ги потврдија пристапните протоколи за двете нордиски земји.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска нагласи дека во САД додека тој ги води, абортусот нема да биде забранет и потпиша извршна наредба за заштита на абортусот, пристап до абортус и контрацепција.
Стотици пожарникари, поддржани од авиони за гаснење пожари, денеска се борат со голем пожар во југоисточна Франција, што принуди евакуација на околни села.
Британскиот конзервативец Риши Сунак, чија оставка од кабинетот на премиерот Борис Џонсон помогна да предизвика лавина оставки од други министри, денеска ја објави својата кандидатура да стане следниот лидер на партијата.
Мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и транс лицата кои имаат повеќе сексуални партнери треба да се вакцинираат, наведува ХАС, додавајќи дека вакцината треба да ја примат и лица кои се занимаваат со проституција.
Суд во Москва денеска за првпат изрече затворска казна поради противење на војната во Украина. Членот на општинскиот совет во Москва, Алексеј Горинов, е осуден на седум години затвор.
Горниот дом на рускиот Парламент денеска усвои закон со што Владата добива право да воведува специјални мерки во областа на економијата, со цел да се обезбеди спроведување „антитерористички и други операции“ на руската војска во странство.