Министрите за одбрана на Русија и на Турција, Сергеј Шојгу и Хулуси Акар, телефонски разговарале за билатерални и регионални прашања од областа на одбраната и безбедноста, со фокус на разговорот врз ситуацијата во Украина и Сирија
Франција се приклучи на програмата за идно истражување на Месечината управувана од Соединетите американски држави, со потпишување на „Договорите Артемис “ кои предвидуваат создавање „безбедни зони“ за заштита на вонземски ресурси
Виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид
Неодговорна е одлуката за носење американски артилериски системи во Украина, бидејќи тоа може да доведе до ескалација на конфликтот и непредвидливи последици, оцени руската Амбасада во САД
Шест лица, меѓу кои пет адолесценти на возраст од 17 и 18 години, се убиени во вооружен напад во Мексико, соопштија локалните власти
Норвешка ѝ донираше на Украина 22 самоодни хаубици, вклучувајќи резервни делови, муниција и друга опрема, соопшти денеска норвешкото Министерство за одбрана
Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека Русија досега вратила тела на 210 украински борци убиени во битката за Мариупол, наведувајќи дека повеќето од нив биле борци кои го држеле последното упориште во челичаната Азовстал
Украина го одби рускиот напад на својот клучен источен град, се тврди во најновиот украински воено оперативен извештај
Украина сака да го купи израелскиот систем за противвоздушн одбрана „Железна купола“ и Израел да го одобри трансферот на својот противтенковски наведуван ракетен систем „Спајк СР“ од Германија во Украина, изјави украинскиот амбасадор во Израел, Јевхен Корнијчук
Одборот на извршни директори на Светската банка одобри 1,49 милијарди долари дополнителна финансиска помош за Украина