Сите патници кои сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави, без разлика дали се вакцинирани или не, мора да имаат негативен тест за Ковид-19, соопшти Белата куќа
Француските дипломати денеска стапија во еднодневен штрајк поради одлуката на претседателот Емануел Макрон за изедначување на дипломатите од кариера со другите државни службеници
Претседателот на Тунис, Каис Саид разреши 57 судии, обвинувајќи ги за наводна „корупција и заштита на терористите“
Најмалку три лица се убиени вчера во пукотница во болница во Тулса, во американската сојузна држава Оклахома, соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот е мртов
Судија го прифати барањето за безусловно ослободување на Џон Хинкли Јуниор, кој на 30 март 1981 година, се обиде да го убие американскиот претседател Роналд Реган, со цел да ја импресионира актерката Џоди Фостер
Израелските безбедносни сили убија Палестинец во бегалски камп во Западен Брег, соопшти утрово палестинското Министерство за здравство
Поради кибер нападот во март, украинските власти ги загубија затворените комуникации и можноста за користење на интернетот 24 часа, изјави денеска хакер од руската група РаХДлт
Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) вчера објави дека нарачала од две компании – „Аксиом спејс“ и „Колинс аероспејс“ да развијат стандардни вселенски скафандери што идните астронаути ќе ги носат на Месечината
Вулканот Улавун во Папуа Нова Гвинеја утрово еруптираше и околу 15 минути исфрлаше пепел во висина до 3.000 метри
Светската здравствена организација соопшти дека нема пристап до податоците за состојбата со епидемијата на коронавирусот во Северна Кореја