Гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит на Телеграм објави дека еден маж загинал, а повеќемина се повредени во напад на украинската армија врз погранично село Тјоткино
Надбискупијата Санта Фе, Ново Мексико, постигна привремена спогодба за 121,5 милиони долари за барањата на жртвите на сексуално насилство извршено од католички свештеници
Сенатот на САД едногласно ја одобри дипломатката Бриџит Бринк за амбасадор во Украина, пополнувајќи го критичното место што е празно три години
Група бразилски адвокати и правни експерти синоќа испратија петиција до Обединети нации во која се наведува дека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја загрозува демократијата и независноста на бразилското судство додека се подготвува за изборите во октомври
Четири членки на Европската Унија планираат да ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија и да помогнат во независноста од руските енергенти, преку нов голем проект за изградба на ветроелектрани во Северното Море
Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-законот за зголемување на федералните ресурси за борба против домашниот тероризам
Светска банка (СБ) соопшти дека ќе стави на располагање 30 милијарди долари за да помогне во снабдувањето со храна, што е отежнато поради руската инвазија врз Украина
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок синоќа ја обвини Русија дека го блокира извозот на жито од Украина и го користи како оружје во војната
Со нов Указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за 90 дена е продолжена вонредната состојба и мобилизацијата во земјата, а важноста на одлуката е од 25 мај
Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1 отсто на годишно ниво од 7,8 отсто во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат