Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија
Во Естонија денеска почнуваат големи воени маневри на НАТО, што се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот
Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плачаат цената на војната во Украина, изјави синоќа министерот за надворешни работи Петер Сијарто
Руските средства на францускиот производител на автомобили Рено станаа државна сопственост, соопшти денеска Министерството за индустрија и трговија на Русија
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг, во борбата против првото потврдено избивање на вирусот во земјата
Едно лице загина, а четворица се ранети во пукотница во црква во Лагуна Вудс, Калифорнија, соопштија локалните властите
Локалните власти во Шангај работат на повторно отворање и овозможување обновување на нормалниот живот од 1 јуни, откако во 15 од 16-те градски области се сузбиени случаите на инфекција со коронавирусот надвор од карантински услови
Властите во Хондурас ја уапсија Херлинда Бобадила, шефица на картелот Монтес, по барање за нејзина екстрадиција, како и на нејзините синови, од страна на САД
Членот на Градското собрание во Мариупол, Петро Андриушченко на Телеграм објави видео од руски напад врз челичарницата Азовстал на кое наводно се гледа дека се употребени фосфорни бомби
Биткоинот во вторникот падна под 30.000 долари за првпат во 10 месеци, а според податоците на сајтот CoinMarketCap, криптовалутите изгубиле речиси 800 милијарди долари од пазарната вредност во изминатиот месец