Повлекувањето на руските сили од регионот Харков „е премолчено признавање на неспособноста на Русија да ги окупира клучните украински градови“
Едно лице загина, а седуммина се повредени при експлозија на барут, за време на истоварање муниција во руска воена база во населбата Тејсин во областа Амур, регионот Хабаровск
Италијанскиот премиер Марио Драги смета дека на Украина и е потребен „Маршалов план“ сличен на оној што ги зближи САД и Европа по Втората светска војна
Управата на специјалниот административен регион на Хонгконг ги демантираше изјавите на министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, околу изборите за извршен директор на регионот
Финска треба да аплицира за членство во НАТО, се наведува во денешната заедничка изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин
Украина сака да има место во Европската унија, иако за полноправно членство може да биде потребно време, изјави министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба во Берлин
Убиството на истакнатата палестинска новинарка Ширин Абу Аклех е „потенцијално воено злосторство“, изјави вчера специјалната известувачка на ОН за Палестина, Франческа Албанезе
Некои венецуелски државни компании ќе продадат мал дел од своите акции на локалната берза, изјави претседателот Николас Мадуро
Украинското воено раководство ја отфрли можноста да ги спаси своите бранители од фабриката за челик Азовстал во опколениот Мариупол со офанзива против руските војници бидејќи тоа ќе чини многу животи
Лица чиј идентитет сè уште не е познат, вчера ја полија со црвена боја амбасадата на Полска во Москва