Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел најави дека повеќе руски банки ќе бидат исклучени од СВИФТ
Суд во Вашингтон денеска го осуди првиот од стотината обвинети за напад на службено лице за време на безредијата во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година
Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во своето обраќање во украинскиот Парламент преку видео врска
Индиската држава Махараштра кон крајот на март годинава регистрирала 25 смртни случаи од топлотен удар, што е најголем број жртви во изминатите пет години
Стапката на невработеност во еврозоната во март падна на најниско ниво во историјата, на 6,8 отсто од активното население, што е за 0,1 поен помалку од претходниот месец
Луѓето евакуирани од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се „на пат“ кон областите под контрола на украинската влада, подалеку од најинтензивните борбени зони
Припадници на руската Национална гарда открија голем магацин со оружје и муниција во регионот Харков, кој им припаѓа на украинските сили за специјални операции
Осум лица починаа откако пиеле домашен алкохол во иранскиот град Бандар Абас, јавија локалните медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за реципрочни економски мерки, како одговор на „непријателските дејствија на одредени странски држави и на меѓународни организации“, соопшти денеска Кремљ.
Од Кабинетот на францускиот претседател информираа дека Емануел Макрон денеска ќе разговара телефонски со рускиот колега Владимир Путин