Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба смета дека руското ширење страв е знак на слабост
Европската унија ќе се обиде да ја намали зависноста од руската нафта и гас за две третини до крајот на оваа година и да стане целосно независна до крајот на 2027 година, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони
Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, тврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во Москва треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но очекувањата од средбата се мали
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека се надева оти руските загуби во Украина ќе ги одвратат властите во Москва од повторување на слични акции на друго место
На токиската берза, индексот Nikkei порасна за 0,7 отсто, а цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај и во Хонг Конг, пораснаа меѓу 0,5 и 1,9 проценти
Загинаа најмалку пет лица, од кои две деца, во источниот регион на Доњецк во руската офанзива, информираше денеска гувернерот Павло Кириленко
Судот во Њујорк пресуди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе мора да плаќа пенали од десет илјади долари дневно се додека пред властите не ги достави бараните сметководствени и даночни документи
Венеција ќе воведе систем резервации за еднодневни посети на центарот на градот, со цел да се намали прекумерниот метеж во времето кога гостите се враќаат во овој туристички град по паузата поради пандемијата
Експлозиите во Транснистрија, одметнатата проруска територија на Молдавија, украинското Министерство за одбрана ги опиша како „планирана провокација на руските тајни служби“