Германската Влада соопшти дека планира да издвои повеќе од милијарда евра воена помош за Украина
Наредната седмица во Велика Британија ќе биде промовирана нова наставна програма по природна историја што ќе се фокусира врз тоа како учениците можат да ја заштитат планетата
Втор ден по ред нема да има евакуација на украинските цивили од областите погодени од војна, бидејќи украинските и руските власти не успеаја да се договорат за хуманитарни коридори
Папата Франциск денеска од Рим повика на помирување во светот, додека привршуваат годинешните прославувања на Велигденските празници според Грегоријанскиот календар
Во Германија се почесто се отвораат истраги против лица кои го користат симболот „Z“ за да ја изразат својата поддршка за руската војна во Украина
Британската полиција денеска го затвори патот во центарот на Лондон во близина на резиденцијата на премиерот Борис Џонсон и соопшти дека уапсила маж поради предизвикан инцидент
На руската телевизија се појави видео од двајца заробени британски доброволци. Шон Пинер и Ејден Аслин беа заробени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од британскиот премиер Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук
Вооружени лица утрово предизвикаа страв кај населението во јужниот бразилски град Гуарапуава, при обид да ограбат фирма за обезбедување
Регионалниот гувернер Максим Козицки изјави дека ракетите врз Лавов се истрелани од авион од правецот на Касписко Море, при што загинаа седум луѓе, меѓу кои и едно дете
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 200 илјади граѓани вработени во странски компании би можеле да останат без работа како последица на санкциите наложени против Русија