Рано утринава повторно се слушнале експлозии во Киев и околината, јави Би-Би-Си
Велика Британија денеска објави дека украинската воздушна одбрана има успех против руските авиони, што веројатно ја спречува Русија да го контролира воздушниот простор
Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна се уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
САД го забранија увозот на руска нафта, во обид да и зададат голем економски удар на Москва поради војната во Украина каде денеска треба да се отворат нови хуманитарни коридори за цивилите кои се обидуваат да избегаат од опколените градови
Најмалку шест американски држави биле мета на хакери од Кина кои за нападите ги користиле пропустите и слабостите на веб-програмите, соопшти компанијата за кибер безбедност „Мандиант“
Околу 44 милиони Јужнокорејци излегуваат денеска на гласање за да го изберат следниот претседател, завршувајќи ја трката обележана со низа изненадувања, скандали и валкани кампањи
Офанзивата на Русија врз Украина продолжува и денеска, но со значително побавно темпо, соопштија вооружените сили на Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров замина за Анталија, Турција, каде утре ќе има средба со својот украински колега Дмитриј Кулеб, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова
Coca-Cola и PepsiCo ја прекинуваат продажбата на нивните сокови во Русија, откако претходно и Мекдоналдс и Старбакс објавија најава за прекин на бизнисите во таа држава
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд е подготвен денеска да одобри 1,4 милијарди долари итна помош за Украина за да и помогне да одговори на руската инвазија