Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба потврди дека во четврток планира да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Азиската економска сила Јапонија се согласи да прифати бегалци од Украина и досега им дозволи влез во земјата на осум лица, соопшти денеска Владата во Токио
Велика Британија треба да го забрза процесот за виза за бегалците, кои бегаат од војната во Украина, изјави денеска министерот за одбрана Бен Волас, јави Би-Би-Си
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на „максимална воздржаност“ во Украина изразувајќи „длабока загриженост“ за кризата во земјата
Се зголемува листата на американски мултинационални бизниси – од Епл до Левис – кои ги прекинуваат активностите во Русија, но некои компании избираат да останат во земјата и покрај ризиците за нивната репутација
Украина ја обвини Русија за кршење на хуманитарниот коридор чија цел е да им овозможи на цивилите да го напуштат опколениот јужен пристанишен град Мариупол
Офанзивата на Русија врз Украина продолжува и денеска, но со значително побавно темпо, соопштија вооружените сили на Украина
По првиот бран бегалци од Украина, најверојатно ќе има и втор бран, но со повеќе ранливи групи луѓе, изјави денеска директорот на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди
Извршните власти на ЕУ планираат да предложат нови правила со што ќе им биде овозможено да ги казнуваат дезинформациите од целиот свет, притоа посочивајќи ја како пример руската државна телевизија „Раша тудеј“
Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, кој беше осуден за предавство во својата земја, а сега се наоѓа во Русија, го повика актуелниот шеф на државата Володимир Зеленски да се откаже од борбата против Русија