Русија најверојатно ги цели телевизиските кули во Украина, со цел да го спречи пристапот до вести на локалното население, соопшти британското Министерство за одбрана, јави ДПА
Меѓународни радиодифузери и медиуми ја прекинаа работата во Русија, по одлуката на рускиот Парламент да го ограничи известувањето за вестите за инвазијата на земјата на Украина
Нов Зеланд воведува санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека евакуацијата на членовите на мисијата од Украина е речиси завршена
Руските трупи рано изутринава со оган од повеќецевни фрлачи го ракетирале јужниот украински град Николаев
Израел денеска истрела неколку ракети врз позиции на сириската армија во близина на главниот град Дамаск, при што загинаа двајца цивили, а беше причинета и материјална штета, соопшти сириското Министерство за одбрана
Украинските безбедносни сили тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, југоисточно од Харков
На Украина и претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во интервју за телевизиската станица „Си-Ен-ЕН“
Хакерскиот колектив „Анонимуси“ тврди дека ги хакирал преносите на руски државни телевизии, притоа емитувајќи снимки од руските воени дејствија во Украина и упатувајќи повици до рускиот народ да се спротистави на Владимир Путин
Голем број возачи на камиони во САД кои се против воведените антиковид мерки возеа два круга на обиколницата во Вашингтон, намерно движејќи се бавно за да го забават сообраќајот и да го привлечат вниманието на американските конгресмени во Капитол Хил