Санкциите наметнати на Русија по инвазијата врз Украина „немаат никаква врска“ со иранското нуклеарно досие, а новите барања на Москва за да го поддржи договорот не доаѓаат предвид, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.
Седум лица загинаа, меѓу кои две деца, кога торнадо помина низ поголемиот дел на Ајова, оштетувајќи згради и соборувајќи дрвја и далноводи, соопштија властите.
Американскиот државен секретар, исто така, му даде комплимент на Зеленски за неговото „лидерство“ во оваа криза.
Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова изјави дека Европската комисија се подготвува за, можеби, осум милиони бегалци од војната во Украина, кои најмногу ќе престојуваат во земјите од Централна Европа кои им се културно и јазично поблиски и каде што имаат роднини.
За време на денешниот телефонски разговор, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од вклучување на МААЕ за да се осигура безбедност на нуклеарните постројки во Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата.
Русија продолжува со испораката на гас за Европа преку Украина на нормално ниво, според државниот енергетски гигант Гаспром, пренесува германската агенција ДПА.
Распоредувањето на војници на НАТО треба да им овозможи на сојузниците да покажат „беспрекорно единство“ по руската инвазија на Украина, изјави денеска во Романија француската министерка за вооружени сили Флоренс Парлим
Украинските сили заробија стотици руски војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува ДПА.
Емануел Макрон треба да го прими шефот на американската дипломатија во вторник околу 18:00 часот (17:00 часот по Гринич), изјави портпаролот, пренесува дописникот на МИА.
Околу 5.200 луѓе учествуваа на забранетите протести во Москва, Санкт Петербург и други региони на Русија, поради што беа приведени повеќе од 3.500 луѓе