ОН очекуваат руската инвазија на Украина да предизвика егзодус на десет милиони луѓе
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека прибегнува кон „нуклеарен терор“ и дека сака да ја „повтори“ катастрофата во Чернобил, откако нагласи дека руските сили нападнале нуклеарна централа
Пожар избувна во најголемата европска нуклеарна електрана Запорожје по интензивни борби меѓу руските и украинските сили, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби
Нема планови во моментот за средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Според неа, „сега не е време за тоа“
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека руското гранатирање на нуклеарна централа во југоисточниот украински град Запорожје може „директно да ја загрози безбедноста на цела Европа“
Американскиот претседател Бајден ја повика Русија да престане да ја гранатира АЕЦ Запорожје во Украина и да дозволи вонредни служби да пристапат до објектот
Шефот на регионалната државна управа на Запорожје вели дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје е „осигурана“, јави Би-Би-Си
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека разговарала со украинското раководство и ѝ било кажано дека „суштинската“ опрема во централата сè уште функционира
Украинската државна служба за итни случаи известува дека условите за безбедност од радијација и пожар во нуклеарната централа Запорожје се „во граници на нормалата“.
Андреј Туз, портпарол на нуклеарната централа Запорожје, изјави за Би-Би-Си дека гранатирањето засега престанало, но ситуацијата е крајно неизвесна.