Украинската армија тврди за големи загуби во луѓе и техника кај руските оружени сили
Од почетокот на воените операции во Украина руските загуби изнесуваат 5.710 војници, има 200 затвореници, а уништени се 29 воени авиони и седум хеликоптери, седум системи за противвоздушна одбрана, 24 повеќеракетни артилериски системи и повеќе стотици парчиња друга воена опрема, тврди Генералштабот на оружените сили на Украина