Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа „со агресивните изјави на НАТО“ и економските санкции против Москва
Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА
Постои голема веројатност во следните неколку часови самопрогласената влада на Белорусија да одлучи белоруските вооружени сили да земат учество во војната со Украина на страната на Руската Федерација, изјави денеска Андриј Захородник, поранешниот украиснки министер за одбрана, во моментов шеф на Центарот за одбранбени стратегии, пренесува Укринформ
Франција денеска, како и другите европски земји, најави дека ќе го затвори својот воздушен простор за руските авиони за да ја казни Русија за нападот врз Украина, објави на Твитер францускиот министер за транспорт Жан Баптист Џебари
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини украинските власти дека ја пропуштија „можноста“ за разговори, откако неговата армија пред четири дена изврши инвазија врз соседната земја
Украинските сили денеска го одбија рускиот напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, каде изутрината избувнаа улични борби
Киев и натаму жестоко се брани, а во моментов во главниот град на Украина нема руски војници, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во видео порака, пренесена од Укринформ
Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина
Украина се согласи на преговори во Гомел во Белорусија, а руската делегација ќе оди таму, изјави членoт на руската делегација Владимир Медински, јавија руски медиуми
Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, понудил израелски посреднички услуги во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се запрат непријателствата во Украина, соопшти Кремљ