ЕУ најави санкции „против оние кои се вклучени“ во признавањето на Доњецк и Луганск
Во заедничка писмена изјава, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин „да продолжи да ги признава“ регионите Доњецк и Луганск во Украина како „независни ентитети“