„Спутник лајт“ обезбедува тримесечна заштита од омикрон
Истражувањето на руската вакцина „Спутник лајт“ покажа дека лицата кои ја примиле вакцината како трета доза ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот омикрон во текот на три месеци, изјави за телевизијата „Русија 1“ директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург.