Филипини: Во сообраќајна несреќа 13 лица загинаа, 30 се повредени
Тринаесет лица загинаа, а 30 се повредени, во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Филипините, откако камионот во кој се превезувале удрил во дрво, па се превртел, соопшти денеска полицијата.