Повеќе од 80 организации за проверка на факти ја повикаа онлајн видео платформата Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите, нудејќи помош за разоткривање на лажни тврдења
Турција, Малезија, Казахстан и Србија се земјите со најевтини карти за кино во светот, покажуваат последните податоци на британскиот финансиски портал money.co.uk
Непалските власти одлучија да ги затворат учил иштата, откако пред речиси три недели на учениците им беше дозволено повторно да влезат во училниците, јави ДПА
Властите во канадската провинција Квебек синоќа соопштија дека во наредните недели ќе воведат нов данок наречен „здравствен придонес“, само за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19
НАТО нема да се врати на границите на кои се простираше од пред две децении, изјави амбасадорката Џулијан Смит, постојан претставник на САД во НАТО
Американскиот Стејт департмент ја поздрави најавата на казахстанскиот претседател Касам-Жомарт Токаев за завршување на мисијата на Организацијата за Договор за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија во Казахстан
Научници гледаат знаци дека алармантниот бран на Омикрон можеби го достигнал својот врв во Британија и САД, по што бројот на новозаразени може да почне нагло да опаѓа
Иран и светските сили се уште се далеку од каков било договор за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и покрај тоа што на крајот на декември беше постигнат извесен напредок, оцени францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан
Локалните власти во Финска одбија да ги спроведат строгите мерки за изолација во училиштата за да се запрат инфекциите со коронавирус.
Новиот гувернер на германската централна банка Јоаким Нагел предупреди денеска дека високата инфлација може да потрае подолго од моментално очекуваното, порачувајќи ѝ на Европската централна банка дека мора да биде подготвена да ја прилагоди монетарната политика.