Кина ги поздравува силните мерки на казахстанската влада, Германија повикува на деескалација
Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече „многу одговорно“ спроведувањето на силните мерки на казахстанската влада против демонстрантите, во порака до претседателот на земјата, додека Германија повика на смирување на ситуацијата, која од протест се претвори во крвав бунт.